Фудбалерите на Ал Наср Стигнаа до првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите на Азија откако на домашен терен славеа над Нефчи Фаргона од Узбекистан со 3-1 во 2. коло од континенталното натпреварување.
Водство за домаќините од 1-0 донесе Анџело во 33. минута, додека на 2-0 зголеми Кристијано Роналдо кој стигна до својот 981 професионален погодок. Во вториот дел гостите намалија на 2-1 преку Одилов во 51. минута, додека конечните 3-1 беа поставени со автоголот на Гофуров во 78 минута.
AFC Champions League Elite | Al Nassr [2] – 0 Neftchi Fergana, Cristiano Ronaldo 42'
byu/OpbrBlud insoccer
За потсетување натпреварот почна со задоцнување од скоро еден час поради безбедносни закани во Ријад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
