Роналдо добил „корпа“ и од Борусија Дортмунд

Вчера низ англиските и германските медиуми се појави информација дека Кристијано Роналдо е блиску до трансфер во Борусија Дортмунд. Португалецот ќе ги исполнел своите амбиции и желби со овој трансфер да игра во Лигата на шампионите, откако е јасно дека ќе си замине од Манчестер Јунајтед.

Воедно, овој премин беше окарактеризиран како последна шанса на Роналдо да најде клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите, меѓутоа веројатно Португалецот нема да го облече „жолто-црниот“ дрес.

БИЛД пишува дека Борусија вооопшто не била заинтересирана за потпис на Роналдо. Иако агентот Мендеш  влегол во преговори, добил „корпа“ од страна на „милионерите“. Пред се поради неговите години, но и поради фактот што воопшто нема да биде евтин. Тој е најплатен играч на Јунајтед во моментов, а Борусија нема можност да ги исполни барањата околу финанисискиот дел.

Роналдо во Јунајтед заработува нешто повеќе од 600.000 евра неделно.

Се вчитува...