Роналдо го „пецна“ Меси: Лигата во С. Арабија е посилна од таа во САД

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го „пецна“ својот ривал Лионел Меси велејќи дека лигата во која настапува тој (С. Арабија) е посилна од таа од која е дел Аргентинецот (САД).

И покрај тоа што најдобрите фудбалери во 21. век веќе не се дел од Европа, очигледно е дека нивното ривалство се уште трае.

„Лигата во Саудиска Арабија е подобра од МЛС. 100 проценти сум сигурен дека нема да се вратам во европски клуб. Јас го отворив патот за лигата во Саудиска Арабија и сега сите фудбалери доаѓаат тука“, вели Роналдо.

Се вчитува...