Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо и неговиот агент Жорге Мендеш, донираа еден милион евра во борбата против коронавирусот во Португалија. Со овие финансиски средства ќе бидат опремени три сектори за интензивна нега во клиника во Порто во деновите кога здравствените работници се борат за секој човечки живот.
„Опремени се комплетно три сектори за интензивна нега во клиниките Санта Марија и Пулидо Валенте со благородната донација од господата Кристијано Роналдо и Жорге Мендеш. Секое одделение ќе има по десет болнички кревети и ќе биде опремено со вентилатори, монитори за срце, пумпи и целата неопходна опрема за интензивна нега на пациентите“, изјавија од клиниките за ЕСПН.
Покрај тоа, финансиската помош од Роналдо и Мендеш е искористена и за набавка на 200 заштитни одела и на 50.000 маски кои ќе бидат поделени низ клиниките во Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА