Роналдо и Шчешни донесоа триумф против Лацио, Јувентус на чекор до ново скудето

Јувентус го совлада Лацио со 2-1 во Торино и направи уште еден огромен чекор кон ново скудето во Серија А. Ќе биде тоа деветта последовна титула за „старата дама“. Сега Јуве има осум бода предност пред Интер на четири кола до крајот на шампионатот.

Во првиот дел се тресеше рамката од голот на двете страни, но немаше голови. Затоа беше многу поинтересно во второто полувреме. Кристијано Роналдо од пенал го отвори резултатот во 51.минута, откако Бастос играше со рака на работ од шеснаесетникот. Само три минути подоцна Португалецот уште еднаш погоди, откако Дибала повлече брз противнапад и го послужи колегата од нападот за да стигне до 30. погодок оваа сезона.

Во финишот, и Чиро Имобиле стигна до 30. гол во Серија А. Самиот избори пенал и во реализира во 83.минута. Во 89.минута, Сергеј Милинковиќ – Савиќ феноменално изведе слободен удар од 25 метри, а Шчешни го спаси Јувентус од реми со одлична интервенција.

Се вчитува...