„Роналдо и во петтата деценија би можел да игра во Премиерлигата!“

Без сомнение Кристијано Роналдо има неверојатната физичка подготвеност, карактеристика што за Португалецот е веќе одамна познат, поради што тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле-Гунар Солскјер е убеден дека Португалецот ќе може да игра на професионално ниво дури и по својата 40. година.

Одличниот напаѓач во моментов има 36 години, но тоа не го спречува да има фантастично враќање во Премиер-лигата и тоа со четири постигнати голови на само три натпревари.

„Не би бил изненаден ако тој игра и по наполнетата 40 години, пред сѐ поради начинот на кој се грижи за себе. Секако, Важни се и гените. Тој секоја енергија што ја има во телото ја дава за да биде тоа што е, ја заслужува секоја пофалба што ја добива за својата физичка состојба. Тоа што е уште поимпресивно е што и покрај сетоосвоено досега, тој сѐ уште е гладен за трофеи“, изјави Солшер.

Се вчитува...