Роналдо ќе избира – ПСЖ или Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо ги минува последните месеци како член на Јувентус откако Португалецот станува се поразочаран од фактот дека сезонава не само што повторно остана без трофеј во Лигата на Шампионите, туку нема да го освои ниту скудетото во Калчо-лигата. Неговата опсесија за освојување на пехари е добро позната, а во ситуација кога победничкиот циклус на Јувентус завршува Кристијано самиот сака да си замине и ќе побара трансфер во текот на летниот преоден рок.

Флорентино Перез децидно демантираше дека Реал сака да го врати Португалецот во своите редови, а според извори блиски до самиот фудбалер тој ќе бира меѓу две понуди – Манчестер Јунајтед и ПСЖ. „Црвените ѓаволи“ се еден од ретките клубови во Европа што без проблеми може да ја покријат неговата плата од 31 милион евра по сезона, Јунајтед е тимот каде Роналдо ја лансираше својата блескава кариера, а англискиот гигант летово ќе бара нов голгетер во ситуација кога и Единсон Кавани најави заминување во Бока Јуниорс.

ПСЖ е решен да донесе нова „ѕвезда“, особено во ситуација кога е се поизвесно заминувањето на Килијан Мбапе од „Паркот на принцовите“. Прва желба беше Меси, но Аргентинецот речиси сигурно ќе остане во Барселона, па „светците“ сега го насочија вниманието кон 36-годишниот Португалец.

Исходот од преговорите го очекуваат и челниците на Јувентус, на кои им е јасно дека Роналдо се подготвува за трансфер. Воедно, „старата дама“ се подготвува да го врати на клупата Алегри, кој немаше добри односи со Кристијано во сезоната во која соработуваа во Јувентус, што е причина плус за заминување на Португалецот од редовите на најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...