Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио е познат по тоа дека знаел да прави неверојатни забави по победите во клубовите каде што играл. Тој вели дека секоја победа била прославувана со луда забава, но едиствено проблем било што секогаш победувале.
„Луѓето говореа многу работи за моите забави. Некогаш можев да претерам, но не го правев тоа. Бев одговорен и се трудев тоа на влијае на мојата форма. Сакав да прославам кога ќе победевме, но проблемот беше во тоа што секогаш победувавме. Сепак, искрено повеќе се урбани легенди, отколу вистина“, изјави Роналдо.
Роналдо два пати беше добитник на „Златната топка“ во 1997 и 2002 година, а со репрезентацијата на Бразил играше три финалиња на Светските првенства по ред, од кои два пати славеше во 1994 во САД и 2002 во Јапонија и Јужна Кореја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА