Роналдо низ нова семејна драма: Неговата мајка се бори за живот

По скандалот со обвинувањата за „силување“, Кристијано Роналдо минува низ уште една лична драма овој пат поради болеста не неговата мајка, Долорес Авеиро.

64-годишната Авеиро откри дека се бори за живот по новата борба со рак на градите. Оваа болест мајката на Роналдо ја победила еднаш во 2007 година кога беше оперирана. Две години подоцна Роналдо донираше 100.000 евра на болницата во која беше оперирана неговата мајка, а финансираше и изградба на центар за борба против ракот во родната Мадеира.

И, иако ја доби првата битка Долорес поради ракот сега во Мадрид била подложена и на втора хируршка интервенција. Веста ја објави само неколку дена по 34-от роденден на нејзиниот син.

„Се борам за живот, но знам дека ќе ја добијам и оваа битка како и претходниот пат“ – напиша Долорес.

 

View this post on Instagram

 

Abençoado ❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Госпоѓа Авеиро е најважната жена во животот на Роналдо. Со него е текот на сите негови успеси и падови во текот на кариерата, а таа е посебна поддршка за него и во моментите на тешките обвинувања за силување во Лас Вегас.

Се вчитува...