Роналдо откри: Еден од најважните моменти во животот го доживеав на „Олд Трафорд“!

Бразилската легенда Роналдо пред две децении беше вистински фудбалски феномен и најдобар фудбалер на светот. Неговите настапи беа следени со големо внимание во фудбалската јавност, а еден од најдобрите натпревари во кариерата го имаше во четвртфиналето на Лигата на шампионите на „Олд Трафорд“.

Бразилецот во еден разговор неодамна откри дека токму дуелот со Манчестер Јунајтед му е омилен и најдобар во кариерата, а во Англија тој постигна три погодоци за Реал Мадрид.

„Најдобар натпревар во кариерата? Тоа е мечот од Лигата на шампионите на „Олд Трафорд“. Се сеќавам кога излегував на теренот сите станаа и ми аплаудираа. Никогаш не очекував дека такво нешто би можело да ми се случи против било која екипа. Тоа беше магичен момент, еден од најважните во мојот живот“, изјави Роналдо.

Иако тој беше противник на Јунајтед, пречекот на Роналдо беше со овации и затоа Бразилецот со огромно задоволство се присетува на натпреварот. Подоцна, Роналдо му даде три голови на Бартез, па веројатно не им било баш мило на противничките навивачи што нивниот тим беше поразен токму од Роналдо.

Се вчитува...