Роналдо сака да го продаде Валјадолид поради зголемување на трошоците

Претседателот на Валјадолид Луис Назарио да лима Роналдо, е подготвен да го продаде шпанскиот клуб. Одлуката е донесена поради значително зголемување на трошоците на крајот од минатата сезона. Буџетот на клубот од 22 милиони се зголеми на 55 годишно.

Во 2018 година легендарниот бразилски фудбалер купи 51% од акциите на клубот за 30 милиони евра. Една година подоцна го зголеми удделот на 72%. Бразилецот потроши и 7 милиони евра за реконструкција на стадионот.

Во моментов Валјадолид е 12-ти на табелата по 13 кола во шпанската Ла Лига.

Се вчитува...