Роналдо уште еднаш потврди дека е голем човек… (ФОТО)

Кристијано Роналдо со уште еден потег потврди дека е навистина голем човек.

Ѕвездата на Јувентус одлучи заедно со клубот на посебен начин да им се заблагодари на лекарите од Куба, кои во Италија пристигнаа и помогнаа во борбата со коронавирусот. Роналдо се одлучи да ги почести со еден убав подарок.

Секој од лекарите доби дрес од Јувентус со бројот седум, потпишан од Кристијано Роналдо, кој на тој начин лично се заблагодари на сите оние кои беа во првата борбена линија во одбраната од коронавирусот.

 

Се вчитува...