Рубен Семедо е уапсен поради силување на малолетничка!

Рубен Семедо е уапсен поради сомнение дека силувал малолетничка. Фудбалерот на Олимпијакос, бил пријавен од 17-годишна девојка, која го сретнала во бар во Оропос, по што отишле во куќа во Глифада, каде што наводно се случило силувањето.

Ова не е првпат Семедо да има „проблеми со законот“, имајќи предвид дека во Шпанија беше тужен за грабеж, напад, киднапирање и поседување на оружје.

За потсетување, овој фудбалер помина пет месеци во затвор и има осумгодишна забрана за влез во Шпанија.

Се вчитува...