Двократниот шампион во низа на АТП мастерс 1000 турнирот во Мадрид, Карлос Алкараз доживеаја елеиминација откако денеска во четвртфиналето беше шокиран од Русинот Андреј Рубљов со 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-2.
Натпреварот почна добро за Шпанецот, освојувајќи го првиот сет со 6-4. Сепак, следеше голем пад во неговата игра што на најдобар можен начин го искористи Русинот за целосен пресврт и конечен триумф од 2-1.
Во полуфиналето Рубљов за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Тејлор Фриц од САД и Франциско Черундоло од Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА