Рубљов ја освои титулата на мастерсот во Мадрид

Рускиот тенисер Андреј Рубљов стигна до својата втора АТП мастерс 1000 титула откако славеше на турнирот во Мадрид. Тој во финалето беше подобар од канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасим со 2-1, по сетови 4-6, 7-5 и 7-5.

Канаѓанецот подобро го отвори мечот и стигна до предност од 1-0 освојувајќи го првиот сет. Во вториот и третиот сет се водеше голема битка, во која во клучните моменти подобар беше Русинот за конечен триумф од 2-1.

Ова е втор трофеј за Рубљов на турнирот од серијата 1000, откако лани славеше и во Монте Карло. Интересно е тоа што иако веќе долги години е стандарден во топ 10, Рубљов се уште нема минато четвртфинале на гранд-слем турнирите.

Се вчитува...