Руди Геј следните две години ќе биде дел од франшизата на Сан Антонио, 30-годишното крило ќе заработи 17 милиони долари за две сезони.
Осмиот пик на драфтот од 2006 година играше за Кингс три години, минатата сезона поради повреда на ахиловата тетива забележа само 30 настапи за Гризлис, имаше солиден просек од 18 поени и 6 скока по натпревар, со 37% прецизност од линијта за три поени, што е негов втор најдобар просек за тројки во неговата 11-годишна кариера во НБА. Во релативно младиот тим на Сакраменто, Геј беше лидер со неговото искуство.
Кошаркарот е познат во лигата по тоа што ниту еден играч нема одружувано просек од 18 поени во сезона, а при тоа да не обезбеди настап на Ол-стар викендот. Геј дури девет сезони има минимален просек од 18 поени по меч.
Она што му недостасува во кариерата е прстен, а уште повеќе настапи во плеј-оф завршниците. Само во 2012 година играше плеј-оф со Мемфис, уште во првата рунда беа елиминирани од Клиперс. Сега со Сан Антонио има загарнтиран настап во плеј-офот, со оглед на тоа дека франшизата редовно обезбедува пласман во пост сезоната во последните 20 сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА