Руни врти нов лист, почнува тренерска кариера

Вејн Руни е подготвен за започнување на нова кариера откако прославениот англиски голгетер стана главен фаворит за нов менаџер на Дерби, клубот каде Руни се уште настапува како играч. Раководството на „овните“ денеска објави дека му е врачен отказ на Филип Коку, по што Руни важи за апсолутен фаворит за да седне на клупата на овој тим од Чемпионшип-дивизијата.

Уште при доаѓањето на Руни во Дерби се најавуваше дека овој клуб е подготвен да му даде и шанса како тренер на голгетерот, но во изминатиот период се сменија неколку стратези. Сепак, сега нема да се бара нов тренер на местото на Коку, туку се очекува експресно да биде постигнат договор со Руни. Воедно, медумите ги објавија и имињата на тројцата помошници на Руни во клубот, Шеј Гивен, Лијам Росениор и Џастин Вокер.

Дерби катастрофално ја стартуваше сезоната, во првите 11 кола освои само шест бода и заслужено се наоѓа на последното место во Чемпионшип. Јасно е, прв приоритет на Руни ќе биде да обезбеди опстанок, по што следното лето би добил буџет за да состави тим во кој би се борел и за влез во Премиер-лигата.

Се вчитува...