Интервјуата на полувреме од оваа сезона станаа вообичајна пракса во англискиот фудбал, новитет кој наиде на остри критики од поранешните и сегашните тренери и играчи.
Последен кој говореше на оваа тема е Вејн Руни, легендарниот англиски фудбалер кој на подкаст изјави дека тој веќе одбил да дава интервјуа на полувреме додека настапуваше во САД, а и додаде дека новитетот никој не бил успеал кај Сер Алекс Фергусон.
„Кога потпишав за Ди-си Јунајтед тие сакаа да давам интервјуа на полувреме како играч, што јас одбив. По мое мислење фокусот мора да биде исклучително на играта и тоа што ќе се случува во следните 45 минути. Знам како би реагирал Фергусон и тоа немаше да биде воопшто убаво, во тоа сум сигурен. Нема шанси тоа да помине кај Фергусон“, изјави Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

