Русија ја совлада Венецуела во меч без резултатско значење

Кошаркаркарската репрезентација на Русија ја совлада Венецуела 69-60 во натпреварот од групата И кој немаше никакво резултатско значење бидејќи и двете екипи ги изгубија шансите за пласман во четвртфиналето.

Натпреварот почна со слаба реализација на двете страни, дел од мечот во кој за нијанса подобро се снајдоа Русите за почетна предност од (13-10). Во втората четвртина Венецуела успеа да возврати со иста мера за на полувреме да се замине со нерешен резултат (27-27).

Второто полувреме подобро го отвори Венцуела која со серија од 9-2, стигна до најголемите на мечот плус седум (36-29). Следуваше тајм-аут на рускиот селектор, по кој неговите избраници заиграа подобро и до крајот на третиот период со одлична игра успеаја да го вратат водството (48-42). Последната четвртина повторно донесе слаба реализација на двете страни, во која Русите успеаја да ја зачуваат предноста, за конечна победа од 69-60.

Воронцевиќ со 17 и Курбанов со 12 поени беа предводници на Русите, додека кај Венецуела се истакна Карера кој со 19 поени беше најефикасен на мечот.

Се вчитува...