Русија останува во календарот на Ф1 до 2025

Сочи останува во календарот на Формула 1 до 2025 година, откри рускиот вицепремиер Дмитриј Козак за руските медиуми. Актуелниот договор за организација на трката за ГН на Русија со раководството на Ф1 беше до 2020 година, но според најавите веќе е договорена продолжена соработка и во наредните пет години.

Русија стана ден од светскиот шампионат во Формула 1 во 2014 година. Најдобрите возачи во Ф1 досега три пати се натпреваруваа за ГН на Русија на патеката во Сочи. Иако нема многу Руси во Ф1, руската трка, по се изгледа ги задоволува вкусовите и интересите на челните луѓе во Ф1 кои одлучија таа да остане на календарот на подолг рок.

Од возачите, на патеката во Сочи досега најуспешен е Луис Хамилтон. Британскиот возач во тимот на Мерцедес триумфираше на трката за ГН на Русија во првите две изданија, во 2014 и во 2015 година. Лани на победничкиот подиум се искачи актуелниот шампион, Нико Розберг кој по освојувањето на шампионската титула реши да се повлече од настапите во Формула 1.

Се вчитува...