Откако Фудбалската федерација на Таџикистан ја објави веста дека Фудбалската федерација на Русија потврдила дека репрезентацијата ќе учествува на првиот шампионат на Централна Азија, Фудбалската федерација на Русија делумно го демантираше ова тврдење.
Шампионатот на централна Азија требаше да се одржи за прв пат во 2018 година, но тогаш идејата пропадна. Нов турнир, на кој може да учествуваат претставници на здруженија кои се членки на Централноазиската конференција. На списокот на земји кои ќе учествуваат на турнирот се Иран, Авганистан, Туркменистан, Узбекистан, Таџикистан и Киргистан.
Од Фудбалската федерација на Таџикистан дојдоа веста дека на турнирот кој ќе се одржи во Бишкек и Ташкент од 9. до 21. јуни ќе учествува и Русија.
Руските репрезентации се суспендирани од сите турнири на УЕФА и ФИФА, како и руските клубови од почетокот на конфликтот во Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА