Поранешниот сопственик на синџирот обложувалници Уткин, Нобел и Маленков во Русија, Михаил Салцман, го сомничи Карлос Алкараз за учество во местење натпревари.
Како што пренесуваат „Спорт Експрес“ и бројни руски медиуми, тој дури испратил писмо до раководството на Мастерсот во Мадрид, како и на адресите на АТП, Шпанската тениска федерација и обвинителството во Шпанија, тврдејќи дека тој има доказ дека третиот рекет на светот учествувал во местење натпревари.
Салцман го обвини Алкараз дека намерно загубил гемови во два меча на турнирот во Мадрид, против Александар Шевченко и Јан-Ленард Штруф.
Во прашање беа гемовите кога Алкараз сервираше против Шевченко при 5-0 во вториот сет и при 5-3 против Штруф, исто така во вториот сет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА