Руски „џин“ во нападот на Шкупи

Шкупи продолжува со активностите на пазарот пред самиот старт на новата фудбалска сезона во Македонија откако прволигашот од Чаир денеска договори уште едно странско засилување. Станува збор за 24-годишниот руски напаѓач Џамал Дибиргаџиев, играч кој со своите 192 сантиметри им создава многу проблеми на противничките дефанзивци.

Тригодишниот договор е веќе потпишан, а Дибиргаџиев во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Скопје, по што ќе му се стави на располагање на тренерот Бајрами. Овој фудбалер пристигнува од рускиот второлигаш Черноморец, за кој минатата сезона постигна 12 погодоци на 16 одиграни натпревари. Претходно Џамал има настапувано и за првиот и за вториот тим на Анжи, како и за португалскиот второлигаш Фатима.

Шкупи претходно потпиша договор со голманот Наумовски, а во своите редови ги доведе и Костариканецот Фреди Алварез, Фират Гулу од Галатасарај, како и Илирид Адеми од редовите на Ренова.

Се вчитува...