Руски скијач заврши во болница по тежок пад на олимписката патека

Рускиот скијач Павел Трихичев (25) пренесен е во болница во Пјогчанг, по бруталната несреќа што ја доживеа во трката во олимписката трка во алпска комбинација.

Русинот е првата жртва на лошите временски услови на олимписките патеки во Пјонгчанг проследени со силен ветар и екстрено ниски темератури. Поради ветрот, Трхичев изгуби контрола на скиите, удри во една од „капиите“ на патеката, по што имаше тежок пад  низ стрмнината и заврши во заштитната мрежа крај патеката.

По тешкиот пад, Русинот веднаш беше пренесен во болница, но за среќа заврши само со полесни повреди, неколку модринки и посекотина на лицето.

Се вчитува...