Руски сумоборач почина неочекувано на само 21 година

Рускиот сумоборач Џамбулат Хатохов неочекувано почина на само 21 година. Хатохов е познат на светската јавност од 2003 година кога беше запишан во Гинисовата книга на рекорди како најтешко дете на светот.

Од руската федерација на сумоборачи потврдија дека Хатохов починал, но не ја наведуваат причината за смртта, иако некои медиуми од Русија наведуваат дека младото момче имало проблеми со бубрезите а заболел и од коронавирусот.

Хатохов како двегодишно дете имаше дури 34 килограми, а со 13 години имал помалку нереални 180 килограми.

Се вчитува...