Сабаленка фрустрирана: Морав да го скршам рекетот

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е шампионка на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен откако во трилер финалето во три сета со 2-1, по сетови 6-4, 5-7 и 6-2 славеше над Арина Сабаленка од Белорусија.

Со четири порази во последните пет одиграни финалиња на гранд-слем турнирите, Арина Сабаленка повторно беше во солзи. Белорусинката сега има повеќе неуспеси отколку титули во најважните мечеви и не ја крие својата фрустрација.

„Многу е тешко да се контролираат емоциите кога ќе изгубите вакво финале. Сакав да ја исфрлам фрустрацијата од себе, бидејќи ако ја задржев во себе, сега немаше да можам да изустам ниту збор. Не сум задоволна од мојата игра, но таа сервираше феноменално. Играше многу агресивно, нејзиниот тенис беше феноменален. Таа едноставно е најдобра во светот во моментов“, изјави Сабаленка. 

Се вчитува...