Актуелните шампиони Карлос Алкараз во машка и Арина Сабаленка во женска конкуренција со рутински победи ја стартуваа одбраната на трофеите на УС Опен.
Алкараз четири месеци беше надвор од терените, но сите сомнежи за неговата форма исчезнаа со рутинскиот триумф над Русинот Сафиулин од 6-4, 6-4, 6-4. Негов следен противник ќе биде Португалецот Фарија, кој славеше во денешниот маратон против Бруксби од САД со 3-2 во сетови.
Сабаленка за противничка ја имаше Осорио, која без многу проблеми беше совладана со 2-0 во сетови. Белорусинката имаше многу проблеми на последните турнири, но денеска се покажа во посакуваното светло, одлично отвори со 4-1, за рутински триумф изразен со конечните 6-2, 6-4.
Ланската финалистка Анисимова исто така стигна до билет за второто коло, откако убедливо триумфираше над Американкат аКругер со 6-1, 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
