Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе се сретнат во финалето на последниот грен-слем турнир во сезоната, УС опен. Белорусинката во полуфиналето беше сигурна против домашната надеж Џесика Пегула со 2-0, по сетови 7-5 и 6-2.
И Рибакина славеше против Американка, откако беше подобра од Кори Гоф си 2-1, по сетови 6-3, 4-6 и 4-6. Со самиот пласман во полуфиналето Казахстанката го презема врвот на ВТА листата, па Сабаленка ќе има и мотив повеќе да ја одбрани титулата, покажувајќи дека иако падна на второто место на ранкингот се уште е најдобра во светот.
Ова ќе биде осумнаесетти меѓусебен дуел, а Белорусинката води со 10-7, добивајќи ги последните два меча во Индијан Велс и Мајами. Овие две тенисерки годинава се сретнаа и во финалето на Австралија опен, во кое Рибакина славеше со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
