Саимир Фетаи стави крај на играчката кариера и се сели во стручниот штаб на Ренова

Фудбалерот на Ренова, Саимир Фетаи одлучи да стави крај на играчката кариера на 33. години, и да се посвети на тренерската работа. Тој во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на „гипсарите“, односно ќе му биде помошник на Османи во стручниот штаб.
Фетаи дебитираше во сениорскиот тим на Ренова во 2009 година, и цели 13 години го носеше дресот на „гипсарите“.
„Саимир Фетаи, фудбалерот кој е со нас од најмлади години и никогаш не си замина, човек кој е пример за младите генерации, одлучи денеска да ја заврши кариерата како професионален фудбалер. Како клуб му благодариме се што стори за нашиот тим. Но, Фетаи не завршува со фудбалот, затоа што Ренова знае да го цени неговиот ангажман, и му понуди да се приклучи на стручниот штаб на Ќатип Османи и ние сме горди што ќе го имаме и следните години. Му посакуваме многу среќа во следните предизвици“, се вели во соопштението на Ренова.

Се вчитува...