Салах две години во Трабзон, прифатен клучниот услов

Трабзонспор ќе биде новиот клуб на Мохамед Салах откако египетскиот голгетер конечно ги договори сите детали од двогодишниот договор со турскиот суперлигаш за кој до пред неколку сезони настапуваше и нашиот Енис Барди.

Трабзон го искористи застојот во преговорите меѓу Салах и Бешикташ и за нецела седмица ги договори сите детали, нудејќи му на екс-голгетерот на Ливерпул поголема плата од понудата на „црно-белите“ од Истанбул.

Со потписот, Салах ќе има загарантирани 15 милиони евра, но клуч во преговорите беше што управата на Трабзон го одобри главното барање на Египќанецот, да има и 20% од секој продаден дрес со неговото име.

Суперѕвездата планира одлично да заработи од оваа клаузула, Бешикташ во старт одби такво нешто, но Трабзон даде зелено светло, се со цел да успее да го доведе Салах како клучен адут во трката за највисок пласман во следната сезона.

Се вчитува...