Салах и Мане доволни за победа на Ливерпул против Њукасл

Ливерпул се проби на втората позиција на табелата во Премиер лигата, барем до натпреварот на Манчестер јунајтед во понеделник против Кристал Палас, откако во 29. коло славеше против Њукасл на „Енфилд“ со 2-0.

Салах во 40. минута донесе водство за „црвените“, а Мане во 55. минута заокружи на 2-0.

По оваа победа Ливерпул со 60 бода се проби на второто место, со 15 бода помалку од водечкиот Манчестер сити, а еден бод повеќе од Манчестер јунајтед кој има и натпревар помалку. На четвртата позиција е Тотенхем со 58 бода.

Се вчитува...