Салах ја излуде одбраната на Ватфорд, сигурен триумф на Ливерпул

Ливерпул ја оствари 18.победа во Премиер – лигата оваа сезона совладувајќи го Ватфорд на „Енфилд роуд“ со убедливи 5-0. Египќанецот Мохамед Салах беше творец на успехот, откако постигна „покер“ (четири гола) на овој натпревар, а беше и асистент на луцидниот гол на Роберто Фирмино.

Салах уште во четвртата минута на фантастичен начин ја надмудри одбраната на гостите и ја затресе мрежата на Карнезис. Во 43.минута го постигна својот втор гол, за водство од 2-0.

Серијата голови на „црвените“ продолжи и во второто полувреме. Во 50.минута, Салах му подготви шанса на Фирмино, кој успеа да се снајде на неверојатен начин и зголеми на 3-0. Во финишот, Мохамед Салах ја заокружи својата мега-партија со уште два гола, во 77. и во 85.минута.

По овој триумф, Ливерпул се искачи на третата позиција на табелата во англискиот шампионат со 63 бода.

Се вчитува...