Некогашниот фудбалер на Баерн, Лотар Матеус неодамна жестоко ги критикуваше дефанзивците Дајот Упамекано и Лукас Хернандез. Матеус не го штедеше француското дуе и смета дека тие не се лидери со оглед на сумата која се платени.
„Упамекано ми изгледа дека константко испаѓа и изгледа на терен како да паднал од Марс. Тука е веќе 7-8 месеци, колку време му треба да се навикне? Има искуство во Бундеслигата, а веќе направи грешки кои не даваат сигурност на соиграчите. Најскапиот играч на клубот е потребно да покаже повеќе. Први премногу прекршоци, пребавен е во дуелите кои се 50-50“, истакна легендарниот фудбалер.
Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ одговори на критиките.
„Нормално дека Лотар мора да каже нешто. Сепак, тој е стручњак. Не ме интересира што тој зборува. Ние цврсто стоиме зад нашите играчи и не ми е гајле што зборува“, изјави Салихамиџиќ.
Матеус често знае да ги критикува фудбалерите во своите ТВ настапи, и често поради тоа е во центарот на вниманието. Нема да биде чудно доколку Матеус продолжи со приказната и му врати на Салихамиџиќ во следниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА