Самарџиев признава: МЗТ цел меч беше подобар, пресудија Војдан и Дамјан

Горан Самарџиев не можеше да ја забележи и втората победа во низа над МЗТ Скопје откако неговиот Работнички вечерва потклекна во полуфиналето од Купот на Македонија што се играше во „Боро Чурлевски“ во Битола.

Кавадаречкиот стручњак му го честиташе триумфот на противникот, признавајќи дека МЗТ стигнал заслужено до финалето, предводен од искусните Војдан и Дамјан Стојановски.

„Честитки до екипата на МЗТ Скопје за оваа победа, заслужија бидејќи цел натпревар беа подобри од нас. Одиграа добра одбрана на нашиот плејмејкер Трајс, мислам дека пресуден фактор беше искуството на Војдан и Дамјан, кои имаат голем број вакви мечеви и знаеја како да одиграат во клучните моменти. Што се однесува до моите играчи немам забелешки за нив, се бореа максимално“, изјави Самарџиев.

Се вчитува...