Самарџиев веднаш по заминувањето од Работнички има нов ангажман

Горан Самарџиев неочекувано пред самиот крај на сезоната ја заврши авантурата како предводеник на Работнички, поднесувајќи си оставка по двата порази на стартот од полуфиналната серија со ТФТ.

Кавадаречкиот стратег веднаш доби интересна понуда што на крајот ја прифати, па така Самарџиев летово ќе биде селектор на нашата младинска репрезентација за кошаркари до 20 години. Новото раководство на КФСМ се реши за промени во речиси сите селекции, а изборот за кормилар на младинците падна токму во Самарџиев.

Кавадарчанецот ќе ја предводи селекцијата на шампионатот од Б-дивизијата што ќе се одржи во Ерменија. Македонија е дел од групата Б и за ривали ќе ги има селекциите на Швајцарија, Австрија, Холандија, Грузија и Данска.

Што се однесува до Работнички, „центарци“ го именуваа Нермин Пепиќ за тренер до крајот на оваа сезона, па младиот стручњак ќе се обиде во невозможната мисија, да се врати од 0-2 против ТФТ и да обезбеди пласман во големото финале.

Се вчитува...