Само бод за „наполитанците“ против Сасуоло

Наполи дефинитивно нема шанси да го стигне Јувентус во трката за скудетото, па тимот од Неапол почна да губи здив во домашното првенство. „Наполитанците“ вечерва ремизираа 1-1 на гостувањето против Сасуоло, по што сега заостануваат дури 18 бода зад „старата дама“.

Сасуоло прв дојде во водство преку Берарди, а бод за гостите од Неапол спаси Инсиње со прекрасен удар од десетина метри.

Се вчитува...