Само два гола во 45 минути во Првата лига: Тиквеш се бори за триумф во Битола, Емини промаши пенал за „лавовите“ (ВИДЕО)

Само два погодоци на четири денешни натпревари во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Од четирите дуели, и двата гола единствено во Битола каде Тиквеш се бори за триумф кој би му донел надеж за директен опстанок во елитното друштво.

Кавадарчани поведоа со голот на Ристе Каракамишев уште во 6. мнинута, по прекин…

Но, Пелистер, исто така по прекин, израмни во 29. минута со голот на Драгарски.

На дербито во Ѓорче Петров, Македонија ЃП беше поблиску до предност на дуелот со Академија Пандев. Но, Сефер Емини не реализираше удар од белата точка.


ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (прво полувреме)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 0-0

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 0-0

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1-1

Драгарски 29′ – Каракамишев 6′

Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ 0-0

ВЧЕРА

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0

Дориев 55′(п)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 4-1

Ѓокиќ 15′, 48′(п), Стојанов 75′, Алтипармаковски 90′(п) – Адетунџи 29′

Се вчитува...