Само еден играч на Атлетико замина кај навивачите и ги слушаше навредите

Атлетико заврши со Лигата на шампионите на последното место, со што е елиминиран од сите европски натпреварувања. Клубот кој во последните осум години, двапати стигна до финалето во најелитното натпреварување. Тимот на Симеоне заврши како четврти позади Порто, Бриж и Баер Леверкузен.

Сензацијата се случи во последното коло, кога Атлетико загуби од Порто, а Баер Леверкузен освои еден бод во дуелот со Бриж, што му беше доволно да се пласира на третото место.

Околу 2.000 навивачи на шпанскиот тим беа во Порто каде што го следеа мечот, а после него ги повикаа играчите на рапорт. Но само еден од нив замина таму и ги слушаше навредите.

Саул Нигез замина таму, и во солзи ги слушаше навредите од навивачите. „Не го заслужувате тој дрес“, беа дел од коментарите на навивачите.

Саул е во Атлетико од 12 години, кога дојде од Реал. За тимот одигра 356 меча и постигна 43 гола.

Останатите играчи на Атлетико заминаа во соблекувалната и не се појавија на „рапорт“ кај навивачите, што сигурно фановите нема да им простат.

Се вчитува...