„Само Господ знае кој број панталони носи Агуеро“

Серхио Агуеро со години беше лидер на нападот на Манчестер Сити, но Аргентинецот огромен дел од оваа сезона ја следи од трибините, поради честите проблеми со повредите. Големиот ас одигра вкупно 178 минути (65 против Арсенал и по 45 со Порто и со Вест Хем), a откако не настапи ниту на синоќешниот дуел со Ливерпул тој беше критикуван поради зголемениот број на килограми.

Според Рој Кин, токму дебелината на Агуеро била причината поради која тој веднаш заработил нова повреда и сега повторно не се знае кога ќе може да му се стави на располагање на Пеп Гвардиола.

„Мојот проблем со Агуеро е што кога се врати да игра – беше очигледно дека е здебелен. Делуваше тешко, многу побавно од порано. Нормално е по повредата да ви треба време да ја достигнете брзината што сте ја имале претходно, но кај него беше очигледен вишокот на килограми. Само Господ знае кој број панталони носи Агуеро“, во свој стил критикуваше Кин.

Се вчитува...