Само вакцинирани Македонци ќе може да ја бодрат Македонија на ЕП во Романија!?

Веќе е сосема јасно дека присуството за македонските навивачи на Европското првенство следниот месец во Романија ќе биде повеќе од комплицирано.

Како што претходно објави УЕФА, странските навивачи ќе може да присуствуваат на натпреварите на националната арена во Букурешт само со негативен ПЦР-тест и нема да може да се задржат во земјата повеќе од 48 часа. А, како дополнение на сето тоа, романскиот премиер најави дека и на стадионот кој ќе прими 12.500 навивачи ќе може само вакцинирани лица.

„Имаме вакцинален сертификат во Романија, па ќе мора да организираме ЕП за вакцинираните. Овие работи веќе постојат. Јас уште претходно кажав и веќе имав разговори со организаторите дека сите што ќе сакаат да присуствуваат ќе мора да бидат претходно вакцинирани“ – вели премиерот Флорин Читу.

Сепак, нема прецизирање дали ова ќе важи само за романските државјани, или и за сите странци кои доаѓаат во земјата.

Македонија на ЕВРО 2020 во Букурешт ќе одигра два натпревари. На 13. јуни против Австрија, односно на 17. јуни против Украина.

Се вчитува...