Само во Јапонија: Светски првак суспендиран – поради изневерување на сопругата

Јапонската култура и принципите за живеење се далеку над нормите ширум Европа, доказ за тоа е и суспензијата на светскиот шампион во пливање, 26-годишниот Даија Сето. Тој ќе мора да отсуствува од базените до крајот на годинава, откако беше казнет од федерацијата бидејќи ја изневерувал сопругата, па му беше изречена супензија за „кршење на стандардите на спортско однесување“.

Актуелниот светски првак на 200 и на 400 метри мешано неодамна призна дека имал вонбрачна врска, по што му беше одземена и капитенската лентра во јапонскиот олимписки тим.

„Искрено се извинувам, сакам да продолжам да пливам, притоа и да ја обновувам довербата на семејството кое е длабоко повредено од моето неодговорно однесување. Сакам одлучно да тргнам од почеток, за семејството и сите други повторно да ме препознаат како врвна спортска личност и пливач“, изјави Сето.

Се вчитува...