Самодовербата кај ракометарките е тука, време е за победа против Словенија

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен ќе ја пречека Словенија во реваншот од ЕХФ ЕВРО купот. „Црвено-жолтите“ во првиот натпревар одигран во Целје во четвртокот несреќно загубија со 29-28, откако Леонида Гичевска не реализираше пенал на десет секунди до крајот на мечот.

Сепак, расположението е позитивно во нашиот табор, а стручниот штаб предводен од Љубомир Савевски едногласно вели дека се врати самодовербата на нашите ракометарки и сега веруваат дека против секого може да играат.

„„Бенефитот што сме домаќини на едно Европско првенство се покажа и со двата натпревара со Црна Гора и со Словенија сега и потоа со Норвешка. Тоа е богатство, ние не можеме да замислиме во друга ситуација да имаме толку силни натпревари за вака краток период. Девојките се талентирани имаат квалитет, само им треба време и место да го покажат тоа. Во Целје покажаа една храброст, една истрајност, имавме и резултат од -5 разлика, а тие се вратија и игравме гол за гол едно 20 минути. На на крај го промашивме пеналот, а ќе беше навистина добро да биде нерешено. Сепак, ние се чувствуваме како победници, за мене тоа е голем плус и поттик дека сме на вистинскиот пат, но не чека голема работа. Не е тоа само да се каже, треба да се потврди тој добар резултат и тука во Скопје, а ќе биде потешко”, размислува Љубомир Савески, селекторот кој полека, полека го враќа македонскиот женски ракомет“, вели селекторот Савевски.

Околу натпреварот со Словенија вели дека на овој меч во Скопје ќе биде уште потешко… 

„Ова се пријателски натпревари, место каде што треба да се пробуваат работи, д авидиме како е. Ние сме некаде во формирање на оваа репрезентација, недостасуваат уште капитенот Георгиевска, Штериова и уште две-три ракометарки, кои играат во странство и кои треба да се пробаат. Заклучно со Норвешка ќе го направиме конечниот список и се надевам дека комплетни ќе учествуваме на Медитеранските игри кон крајот на јуни. Тоа ќе биде наша предпремиера за Европското првенство”, ги сподели Савески плановите. 

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за во 18.30 часот.

Се вчитува...