Самоил Симев „за сликање“ прв е… за давање пари – потешко!

Директорот на Вардар, Самоил Симев се „нацрта“ на тартанот на арената „Тодор Проески“ при предавањето на шампионскиот пехар за ланската сезона, во која „црвено-црните“ заслужено стигнаа до титулата иако првенството беше предвреме прекинато поради пандемијата на коронавирусот. Насмеан до уши, директорот се обиде да „украде“ дел од славата на фудбалерите иако најголем дел од нив не успеа да ги задржи во тимот затоа што раководството едвај успеа да го одржи клубот во живот.

Спонзорот Сергеј Самсоненко одлучи да се повлече од клубот и веќе да не вложува, а Самоил Симев иако е „кадар од негово време“, се уште седи во директорската фотелја на најтрофејниот македонски клуб.

Се вчитува...