„Самоубиство“ на Лил во трката за титулата во Франција

Лил пропушти одлична можност да се зацврсти на врвот на табелата во француското првенство во пресрет на дербито меѓу Лион и ПСЖ откако лидерот неочекувано загуби на домашен терен од Ним со 1-2.

Ним допатува на овој меч како претпоследен тим на табелата, но успеа да го земе скалпот на големиот фаворит благодарение на првото полувреме во кое гостите постигнаа два погодоци и поведоа со 1-2. Лил во вториот дел тргна во тотална офанзива, но не создаде доволно шанси не само да направи пресврт, туку да стигне барем до бод на овој натпревар.

Лил остана на чело на табелата со 63 бода, три повеќе од Лион и од ПСЖ кои вечерва го играат дербито на колото на стадионот „Жерлан“.

Се вчитува...