Бразилскиот тим Фламенго, му врачи отказ на аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли, откако тимот испадна од Сао Паоло од Купот.
Сампаоли доби отказ по само пет месеци откако дојде во Фламенго. Претходно Сампаоли беше отпуштен од клупата на Севилја, каде исто така се задржа пет месеци.
-Тренерот Хорхе Сампаоли и неговиот стручен тим веќе нема да го водат црвено – црниот тим, објави Фламенго на социјалните мрежи, посакувајќи му на аргентинскиот стратег „среќа“ во продолжението на кариерата.
Сампаоли си заминува од клупата, иако имаше договор до крајот на 2024 година, и поради тоа бразилскиот клуб ќе треба да му плати отштета од 1,8 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА