Сампдорија тргнува по Илија Несторовски

Сампдорија би можела да биде следната дестинација за македонскиот напаѓач Илија Несторовски, тврди познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио. Сегашниот член на Удинезе има уште шест месеци од договорот со Удинезе, а Сампдорија има потреба од напаѓач.

Несторовски во изминатите две сезони главно влегуваше од клупата, а летоска го продолжи договорот со тимот од Удине на уште една сезона.

Македонскиот репрезентативец веќе долго време е во Италија, откако претходно играше и за Палермо.

Се вчитува...