Најпознатиот камерунски фудбалер Самуел Ето ќе му купи куќа на некогашниот капитен на националниот тим, Норберт Овона, чија тажна животна приказна беше објавена во документарен филм.
Овона одигра 67 напревари за камерунската репрезентација, а сега живее на улица во градот Дуала во кој ја минал и фудбалската кариера. Тој има и здравстени проблеми, но не е во можност да си го плати лекувањето бидејќи заработеното го потрошил на лекување на неговата сопруга и децата од карцином.
Ето покрај купувањето на куќата, донирал и одредена парична сум на сметка на Овона.
Неколкумина поранешни репрезентативци на Камерун почнаа кампања за да му се помогне на екс-капитенот. Овона дури и им напишал писмо на неколку министри во владата на Камерун во кое вели дека „живее како животно“ како и дека „добива нефер третман од неговата земја“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА