Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Барселона, Интер, Челси… Самуел Ето, загуби речиси се што заработи во кариерата и сега е заглавен во долгови. Ето остана и без својата луксузна вила која му е одземена од банката во која Камерунецот не ги подмирил навреме обврските за кредитот од 4.5 милиони евра.
Самуел Ето во професионалниот фудбал е речиси две децении и досега има заработено милиони евра. Но, во последно време Камерунецот, кој сега е член на турскиот Кониаспор, се соочува со сериозни финансиски проблеми.
Освен милионскиот долг кон банките, Ето во Шпанија се товари за неплатен данок. Според шпанските власти, камерунскиот фудбалер за неплатен данок во Шпанија има долг од 3 милиони евра.
Сега 37-годишниот Ето, на залез на кариерата остана без целото свое богатство и најголем дел од тоа што го заработува во Турција, оди на отплата на долговите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА