Сан Антонио славеше на дербито во Канада, Филаделфија фаќа ритам

Сан Антонио славеше во дербито на вечерта против Торонто со 108-106, а клучни во драматичната победа беа слободните фрлања на Ламаркус Олдриџ во последните 12 секунди.

Тексашаните до победата во „Ер Канада центарот“ ги предводеше Олдриџ со 21 поени и седум скока, а одличен беше и резервистот Пети Милс со 18 постигнати поени. Кај домашните најдобар беше Лаури со 30 поени и пет скока, Теренс Рос дополни со 21 поен од клупата, додека Нормал Пол постигна 16 поени.

Филаделфија продолжува со одличните тимски партии за деветтата победа во последните 12 меча, овој пат совладувајќи ги ЛА Клиперс на домашен терен со 121-110.

Сигурен пред своите навивачи, предводени од Бредли Билом и Џон Вол беше и Вашингтон против Бостон со 123-108, додека Чикаго беше подобар од Орландо со 100-92. Џими Батлер, кој мечот го заврши со 20 поени, осум скока и четири асистенции, и Двејн Вејд со 21 поен ги предводеа Булси до новата победа.

Во Бостон, како по обичај, најдобар беше Ајзеа Томас со 25 поени и 13 асистенции, Ал Хорфорд запиша 22 поени, а Џеј Краудер – 17 поени.

Се вчитува...