Сандро: Да дадам гол и да ја однесам титулата на „Камп Ноу“

Напаѓачот на Малага, Сандро Рамирез, не ја крие својата желба Барселона да успее да ја освои титулата во последното коло од Примера што се игра денеска. Барселона на домашен терен го пречекува Еибар, но се е во рацете на Реал Мадрид, кој гостува во Малага. Доколку „кралевите“ не загубат на ова гостување, ќе го освојат шампионскиот пехар. Сепак, Сандро Рамирез се надева дека токму тој ќе успее да ја погоди мрежата на Кејлор Навас, и дека ќе ја реши битката за титулата, која би и припаднала на Барселона, неговиот поранешен клуб.

„Сакам да постигнам гол против Реал Мадрид и да ја направам Барселона шампион. Кога заминав од Лас Палмас, имав можност да одберам меѓу Барселона и Реал Мадрид. Повеќе ми се допаѓа Барселона и тоа не го кријам“, изјави Сандро Рамирез, кој се наоѓа и на списокот на младата фудбалска репрезентација на Шпанија до 21 година, која е во група со Македонија на Европското првенство во Полска.

Се вчитува...